Денес над Македонија се раѓа
Ново сонце на слободата!
Македонците се борат
За своите правдини!
Македонците се борат
За своите правдини!
Од ново сега знамето се вее
На Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат
Нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободна живее!